Инструментот представува систем од лупи со дебелина 2.7 мм на кои се прикачува извор на светло и видеокамера со чија помош можеме да извршиме прецизен преглед на носни ходници и назофаринкс ( областа зад носот ) и видеодокументација со цел подобра дијагностика и подобра информација на пациентот за неговата состојба .За прегледот не е потребна посебна подготовка за пациентот и самиот преглед е безболен . Се користи во дијагностиката на трети крајник кај децата , девијации на носни прегради, полипи на нос , туморни промени на назофаринкс и т.н