Тоналната аудиометрија е мерење на прагот на слухот со чисти калибрирани тонови . Ова е основна метода и златен стандарт за одредување на прагот на слух кај деца над 7 години и возрасни лица. За тоналната аудиометрија не е потребна посебна подготовка и самото испитување не е непријатно .Од пациентот се бара да биде фокусиран и да реагира на најтивкиот тон кој што ќе го слушне . Врз основа на наодот од тоналната аудиометрија може да се определи кој тип на наглувост го има пациентот и исто така да се пресмета и процентот на наглувост и соодветно да се предложи најдобриот и точен план за лекување на пациентот . Нашата ординација располага со современ клиничен тонален аудиометар кој се разликува од аудиометрите кои се користат при редовните систематски прегледи и неговиот дијапазон на можности при испитувањата е многу поголем и прецизен.