ИСПИТУВАЊЕ ЗА НОЌНА АПНЕА

Испитувањето за ноќна апнеа се прави во комфорот на домот на пациентот. За истата на пациентот се поставува апарат со кој за време на сон се следат дишни паузи ( број и должина ) , концентрација на кислород во крвта ( сатурација) ,движење на градниот кош и т.н За да имаме точни резултати е потребно минимум 4 часа сон без прекин после кое резултатите се читаат со посебен софтвер и се определува типот на ноќна апнеа и нејниот степен . Во зависност од испитувањето и прегледот во нашата ординација за опструкции во горни дишни патишта се прави план и се спроведува третман на ноќната апнеа.