Александар Гацов е роден во Штип,каде го стекнува своето основно и средно образование.По завршувањето на средното образовние во ДСМУ”Јане Сандански”-Штип -2002 година, продолжува со својата едукација по општа медицина на Медицинскиот Универзитет во Софија,Р.Бугарија и дипломира успешно во 2008 година . Од 2009 година започнува со работа и специјализација во престижната и најголема приватна болница на Балканот – ACIBADEM TOKUDA HOSPITAL SOFIA .Специјализира и работи во оделение по општа и онколошка оториноларингологија и хирургија на глава и шија во ACIBADEM TOKUDA HOSPITAL каде што го стекува своето искуство во оперативната оториноларингологија под раководство на најдобрите оториноларинголози и хирурзи во Р.Бугарија .За време на својата работа во многупрофилната болница Токуда го продолжува своето образование и развој во повеќе меѓународно признати универзитети и центри меѓу поважните –
– 3 години обука и работа во центар за итна и неодложна помош Токуда болница Софија
– Магистратура по бизнис администрација и магистратура по здравен менаџмент – Универзитет за национално и светско стопанство Софија,Р.Бугарија – дисертационна тема „примена и корист/штета на американски акредитационен систем во болнични установи Joint Commision International” и прави успешна заштита на својот труд во 2011 година . Активен учесник е во примената и воведувањето на истиот систем во болниците на ACIBADEM во Р.Бугарија .
– Обука од Smith and Nephew – Англија за примена на техника на коблација во оториноларингогијата и посебно во насока на тонзилектомија,аденоидектомија и редукција на назални конхи
– Обука од Biolitec во Германиja за коритење на ласер Леонардо во оперативната оторинолариногологија
– Партиципација и учество на сите регионални и на светски конгреси по оториноларингологија и сертификати од нив со поминати доедукативни курсови.
– Публикации во повеќе списанија на медицински и економски теми- – Мedinfo,Capital,здравствен портал …
Од септември 2019 година се враќа во Штип, каде после положувањето на сите испити и нострификации на дипломи ја основа ПЗУ Аудитус –ординација за оториноларингологија,каде искуството стекнато во странство ќе најде примена за луѓето во Штип и Р.Македонија .