ЕНДОСКОПСКА ВИДЕО-ЛАРИНГОСКОПИЈА

Инструментот представува систем од лупи на кои се прикачува извор на светло и видеокамера со чија помош можеме да извршиме прецизен преглед на ларинкс ( долен дел на грлото ) и видеодокументација со цел подобра дијагностика и подобра информација на пациентот за неговата состојба . Методот е безболен и се прави без специјална подготовка. Се користи во дијагностиката на заболувањата на гласни жици (едем на ренке,кератози, карциноми) , заболувања на ларингеална кутија , промени на јазична тонзила и т.н