Испитувањето на отоакустични емисии е задолжително за сите новородени во Европа кое кај нас во Источна Македонија не се прави и применува. Испитувањето помага за рано дијагностицирање на наглувост кај новородените и децата кое според светските испитувања е 2 новородени на 1000 со наглувост на едното или и двете уши. Со помош на нашиот апарат и раното откривање на наглувоста кај децата ќе помогнеме за адекватно лекување на дечињата и нормален развој на истите во нашиот регион . Испитувањето е целосно безболно и за самото испитување е потребна апсолутна тишина поради кое препорачуваме децата да бидат добро нахранети и при можност да спијат за време на испитувањето