Ноќната апнеа претставува сериозно и ризично заболување при кое имаме перидично сопирање на дишењето за време на сон.Ако р`чите гласно за време на сон и во текот на денот се чувствувате уморни тогаш е многу веројатно да страдате од ноќна апнеа .
Според различнитe испитувања,средно околу 26% од популацијата на возраст од 30 – 70 години имаат различна форма на слип апнеа.Мажите боледуваат два пати повеќе од жените. Во Англија поради сериозноста на последиците од слип апнеа е воведено задолжително испитување за ноќна апнеа за професионалните возачи.
Разликуваме три типа на слип апнеа
1.ОПСТРУКТИВНА СЛИП АПНЕА – почесто среќавана форма и се појавува како последица на релаксација на мускулатурата на грлото поради кое имаме колапс и блокирање на воздухот кој преминува кон белите дробови
2.ЦЕНТРАЛНА СЛИП АПНЕА – се појавува како последица на грешни импулси кои мозокот ги испраќа кон мускулатурата која учествува во дишењето
3.КОМПЛЕКСНА СЛИП АПНЕА
Ако сметате дека имате слип апнеа во нашата ординација имаме можност за испитување, дијагностицирање и лекување на слип апнеата со кое значително ќе го подобрите вашиот квалитет на живот и ќе се заштитите од последиците од оваа сероизна состојба.

СИМПТОМИ НА СЛИП АПНЕА
Гласно р`чење за време на сон
Епизоди на сопирање на дишењето за време на сон ( кое го добиваме како информација од човекот до кого спиеме)
Задушување и борба за воздух за време на сон
Будење наутро со сува уста
Утрински главоболки
Често будење за време на сон
Изразена поспаност во текот на денот и замор
Потешкотии во концентрацијата
ФАКТОРИ КОИ ДОПРИНЕСУВААТ ЗА СЛИП АПНЕА
Дебелина ( обезност ) – луѓето со голема телесна маса страдаат почесто од ноќна апнеа
Дебелина и височина на вратот – луѓе со низок и дебел врат страдаат почесто од ноќна апнеа
Пол- мажите страдаат 2 пати почесто од жените
Фамилијарна историја
Употреба на алкохол и седативи го зголемуваат ризикот од слип апнеа поради тоа што тие се мускулни релаксатори
Пушење – луѓето кои се пушачи страдаат 3 пати почесто од непушачите
Затнат нос поради алергии или анатомски пробем го зголемува ризикот од слип апнеа
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕЛЕКУВАНАТА СЛИП АПНЕА
Замор во текот на денот – постојаната борба за воздух , честите будења во текот на ноќта и намалената концентрација на кислород во крвта како последица на ноќната апнеа водат до замор во текот на денот и нервоза .Се појавува и проблем со концентрацијата , а исто така и заспивање во текот на денот – додека гледаме телевизија, за време на работа и дури и додека возиме автомобил.Луѓето со ноќна апнеа се лесно избувливи со честа промена на расположението и со знаци на депресија .
Висок крвен притисок и срцеви заболувања – континуираното намалување на концентрацијата на кислород во крвта во текот на ноќта води до забрзување на пулсот и соодветно до покачување на крвниот притисок и соодветно до оптоварување на кардио-васкуларниот систем . 20% од пациентите со висок крвен притисок имаат нелекувана ноќна апнеа . Исто така луѓето со нелекувана ноќна апнеа имаат повисок ризик од инфаркт на миокардот , мозочен инсулт и ритамни нарушувања на срцето .
Дијабет тип 2 – луѓето со нелекувана ноќна апнеа имаат повисок ризик од развивање на инсулинска резистентност и дијабет тип 2
Метаболитен синдром – висок крвен притисок, покачен холестерол, дебелина ( обезност) ,високи нивоа на гликоза во крвта.
Црн дроб – луѓето со ноќна апнеа имаат покачување на црнодробните ензими.
Оперативни зафати и лекарства – луѓето со ноќна апнеа поради проблемите со дишењето е многу поверојатно да имаат проблеми со анестезија и прием на седативни лекарства поради кое е многу важно овој нивен проблем да го споделат на докторите кои ги лекуваат .
ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ
Поставувањето на дијагнозата ноќна апнеа се извршува со мал уред(полисомнограф) кој што пациентите го носат за време на сон и ги мониторира сите важни индикатори како кислород во крвта, пулс , дишење.Резултатите се преработуваат со посебен софтер и по добивањето на резултатите се коментираат и објаснуваат детално на секој пациент.
Лекувањето на слип апнеата е во зависност од тоа кој степен на слип апнеа има пациентот и која форма на ноќна апнеа има пациентот .
Во нашата ординација располагаме со апаратура и можност за детално испитување и преглед на пациентите за правилно дијагностицирање на ноќната апнеа.После поставувањето на дијагнозата располагаме и со можност за лекување на слип апнеата , а исто така имаме на располагање и СРАР апарати за лекување на ноќна апнеа како и маски и сервис на истите .Со ова ПЗУ Аудитус Штип е првиот центар за ноќна апнеа во државата кој предлага целосен третман на ноќна апнеа .