Затнување на носот и секрети од носот во детска возраст
Овие симптоми се чести во детските колективи поради блискиот контакт на децата, затворениот простор, реткото проветрување на просторот , реткото миење на раце ….Светската статистика е дека до 6 годишна возраст секое дете има затнување на носот и секрети од него средно 6-8 пати во годината поради кое тоа претставува еден огромен проблем за нашите најмили и нивните родители .
Носот од внатрешната страна е покриен со слузница која што лачи мало количество слузен секрет кој што има заштитна функција .При контакт на слузницата со различни агенти тогаш се предизвикува локален оток на истата и зголемување на количеството на секрет во носот .
ℹ️ПРИЧИНИТЕЛИ ℹ️
Настиники или т.н банални вирусни инфекции – Ова е најчестата причина за затнување на носот и секрети од истиот и како последица може да се појават кашлица , фебрилитет , болки во мускули ,намален апетит и др. Обично трае околу една недела и поминува со симтоматска терапија и нема потреба од антибиотско лекување .
Бактериски инфекции ( најчесто стрептококус пневмоние , мораксела брах.,хемофилус инфлуенце) -за бактериска инфекција имаме сомнение секогаш кога затнувањето на носот продолжува повеќе од 10 дена и има појава на густ жолто – зелен секрет од носот , непријатна миризба од устата на детето и други .
Алергии- можат да бидат причина за честите боледувања со затнување на носот и секрети во детска возраст.Карактерно за нив е сезонска појава, бистри секрети од носот ,често кивање и чешање на носот и очите , бронхо-обструктивни епизоди ,БЕЗ покачување на температурата и др.
⚠️Компликации⚠️ – затнувањето на носот и секретите од него најчесто поминуваат без посебна терапија поради кое и повеќето родители не обрнуваат посебно внимание, но исто така би можеле да представуваат огромен проблем поради компикациите кои ги даваат како што е воспалување на средно уво , ларингити, бронхити , пневмонии и т.н
☑️Препораки☑️ –терапијата да не се започнува со ⛔системски антибиотик⛔ !!!
Лекувањето на затнувањето на носот и секретите од него во поголемиот дел од случаите е со симптоматска терапија – локални деконгестиви , прием на повеќе течности , антипиретици , антихистамини , локални комбинирани капки ,инхалации … Дијагностиката и лекувањето на затнувањето на носот,ако е подолго од 7 дена, е од страна на специјалист оториноларинголог поради комплексноста на причините и компликациите до кои може да доведе .