ГРУПА А БЕТА ХЕМОЛИТИЧЕН СТРЕПТОКОК ( СТРЕПТОКОКУС ПИОГЕНЕС)Во изминатиот период во Штип и Источна Македонија се забележува често изолирање од брис од грло на бетахемолитични стрептококи група А,кај децата со карактер на епидемија во предучилишна и училишна возраст поради кое сметаме дека е важно да ги информираме родителите за начинот на пренесување ,дијагностика и лекување на ова заболување .
Стр.Пиогенес се пренесува по воздушно-капков пат и најчесто боледуваат деца од 5 год.до 15 год.возраст. Од контактот со причинтелот до појавата на клиничка слика се необходни околу 5 дена.
-Ненадејно фебрилитет над 38 степени со треска или без треска.
-болки во грлото ,оток на крајниците и формирање на жолтеникави гнојни налепи на крајниците.
-Понекогаш макуло- папулозен осип по телото (скарлатина – имаме отделен информативен пост)
-Главоболка
-Загуба на апетит
-Зголемени лимфни јазли на вратот
-Отежнато голтање
-Симптоматика од гастроинтестиналниот тракт – болки во стомакот, гадење , повраќање.
СПЕЦИФИЧНО – избор за антибитски третман на бета-хемолитичниот стрептокок се антибиотиците од
пенцилинската група
пример амоксицилин- клав.киселнина и тоа 10 дневен антибиотски третман во соодветната доза (
не минимална
) .Во случај на алергија кон пенцилин лекувањето може да биде со цефалоспорини пример -цефуроксим аксетил. Неадекватното лекување и кратките антибиотски курсови се причина за честите рецидиви и компликации!