ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СЛУЧАЈ ( ТУЃО ТЕЛО ВО НОСНИ ХОДНИЦИ )

Пациентка на 40 години , пристигнува во нашата ординација со тегоби од страна на носот и се жали на постојана секреција од носот со различна боја од бистра до жолта и зелена . Пациентката ги има овие тегоби од април 2022 година кога поради отежнато носно дишење е направен оперативен третман риносептопластика.Направени се сите редовни постоперативни прегледи од каде на пациентката и е соопштено дека оперативниот треман е поминат во најдобар ред и дека нема причина за тегобите кои пациентката ги има. Пациентката на сопствена инцијатива има испитувано брис од нос од каде е дијагностицирана МРСА( метицилин ресистентен стафилококус ауреус ) ,но не е

лекувана! Направени и кожно алергиски тестирања за инхалаторни алергени – негативен наод . Пациентката нема коморбидитети .

Од прегледот

Предна видеориноскопија- во вестибулум нази во десно се визуелизират суви жолтеникави кори – екстракција- по екстракцијата во долен носен ходни се визуелизира туѓо тело – екстракција на туѓото тело – постоперативно останата носна протеза – пластина ( снимка во прилог ) !!!

Останати орл органи без патолошки наод

Направени РТГ на синуси – на латерален и долен зид на десен максиларен синус разраснала лигавица од хроничен тип без обтурација на природен синусен отвор . Останати околуносни шуплини во норма.

Од микробиологија- мораксела катаралис .

Терапија

Локален антибиотски третман за 7 дена и на контролни прегледи пациентката е во одлична состојба и повеќе нема тегоби од страна на носот

Возможните компликации од страна на туѓо тело во носните ходници во случајот заборавена пост оперативно носна протеза ( пластина ) –

синузит

перфорација на носен септум

ерозии на лигавица

епистаксиси

менингит

периорбитален целулитис и т.н

Презентацијата не е напишана со оглед напад или дискредитирање на колеги, а со надеж дека наскоро ке има промени во правниот систем и во правилата за работа во медицината со кое самата пациентка би можела да ги бара своите права. Пациентката е советувана правно и има добиено совет дека и да поднесе жалба за тегобите кои ги има од 20 месеци најверојатно нема да има правно решение на случајот поради тоа што колегата хирург ,кој ја има извшено оперативната интервенција ,е од странство и е странски граѓанин, а исто така и докажувањето дека туѓото тело е заборавено постоперативно е многу тешко иако располагаме со видеоматријал.

Ваш ПЗУ Аудитус Штип

Д-р Александар Гацов